Дванаесетта конференција на националните безбедносни авторитети на земјите од Југоисточна Европа (SEENSA)

Скопје, 27 септември 2022 година

 

Picture

На 27 септември 2022 година се одржа 12-тата конференција на националните безбедносни авторитети на земјите од Југоисточна Европа (SEENSA) која што беше организирана во рамките на претседавањето на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации (Национален безбедносен авторитет на Република Северна Македонија) со SEENSA со поддршка на Регионалниот совет за соработка (РСС). Покрај претставниците од Дирекцијата и РСС, на конференцијата учество земаа и делегации од Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Словенија, Србија, Хрватска и Црна Гора како и претставник од Делегацијата на Европската унија во Скопје.

 

Годишна конференција на Мултинационалната работна група за индустриска безбедност (MISWG)

Копенхаген, 13-15 септември 2022 година

 

Во периодот од 13 до 15 септември 2022 година, претставници од Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации учествуваа на 36-тата годишна конференција на Мултинационалната работна група за индустриска безбедност (MISWG) што се одржа во Копенхаген, Кралството Данска. На пленумот на конференцијата беа донесени значајни одлуки за понатамошно функционирање на форумот и беше констатиран остварениот напредок во работата. Пленумот усвои нов сет на правила и процедури, постигна договор за земјите-домаќини во наредните неколку години и за членовите на извршниот комитет, обезбеди насоки и поддршка за сите формирани ad hoc работни групи на MISWG и договори чекори за статусот на земјите кандидати спонзорирани за учество во MISWG пред одржувањето на пленумот.

 

Работна посета на директорот на Европскиот центар за безбедносни студии „Џорџ Маршал“,ген.мај.Бар Сегуин на Дирекцијата

Скопје, 31 август 2022 година

 

Picture

На покана на директорот на Дирекцијата, д-р Стојан Славески, во работна посета на Дирекцијата беше директорот на Европскиот центар за безбедносни студии „Џорџ Маршал“, ген.мај. во пензија Бар Сегуин.

 

За време на посетата двајцата соговорници ја разгледаа досегашната соработка помеѓу Маршаловиот центар за безбедносни студии и Дирекцијата, разменија мислења за натамошно инвестирање на знаењата на алумнистите од Дирекцијата во институционални и национални рамки и разговараа за начините на идна соработка помеѓу двете институции.

Регионална онлајн работилница

Скопје, 28 април 2022 година

Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, во соработка и со поддршка на Регионалниот совет за соработка, на ден 28. 04.2022 година организираше регионална онлајн работилница со наслов: „Рефлективна работилница за точките на пресек помеѓу безбедносната свест и безбедносните аспекти на класифицирани информации„. Еминентни експерти од Европската комисија и Европската служба за надворешно десјтвување на Европската унија како и од Канцеларијата за безбедност на НАТО се осврнаа на концептот на безбедносната свест во контекст на заштита на класифицирани информации и презентираа механизми за подигање на бебедносната свест во ЕУ и НАТО соодветно. Свои презентации одржаа и претставници од Дирекцијата и од националните безбедносни авторитети од регионот на Југоисточна Европа a беа разменети и искуства помеѓу учесниците од регионот за овој важен сегмент од безбедноста на класифицирани информации.

Охридски безбедносен форум

Охрид, 26-29 август 2022 година

 

Picture

Во периодот помеѓу 26 и 29 август 2022 година, се одржа јубилејниот 10-ти по ред Охридски безбедносен форум на којшто учествуваа и претставници од Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации. Форумот го организираше Алумни-асоцијацијата на Центарот „Џорџ Маршал“ од Република Северна Македонија со поддршка на Европскиот центар за безбедносни студии „Џорџ Маршал“и Одделот за јавна дипломатија на НАТО.

 

Целта на Форумот беше размена на искуства, добри практики и гледишта за глобалните и регионални безбедносни предизвици со коишто се соочува регионот на ЈИЕ како и изнаоѓање модели на соработка помеѓу алумнистите од регионот со коишто активно ќе се дејствува против транснационалните, терористички, асиметрични, државно-спонзорирани и информациски закани.

 

Работна посета на Босна и Херцеговина

Сараево, 12-13 април 2022 година

 

PictureВо рамките на посетата на Сараево, на 12-13 април 2022 година, делегацијата на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации го посети Министерството за безбедност на Босна и Херцеговина и оствари работна средба со претставници на Државниот безбедносен орган. За време на средбата беше разговарано за повеќе актуелни прашања од доменот на работата на националните безбедносни авторитети, вклучувајќи ја и соработката во рамките на иницијативите за регионална соработка SEENSA и 6S.

За време на престојот во Сараево беше остварена средба и со раководителот на политичкиот оддел на Регионалниот совет за соработка (RCC), со кого беше извршена координација во однос на организацијата на годишната SEENSA конференција што ќе се одржи во септември 2022 година во Скопје, во рамки на овогодинешното претседаваштво на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации со иницијативата SEENSA.

Осумнаесетгодишнина на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации

Скопје, 05 март 2022 година

 

PictureНа 05.03.2022 година, на пригоден настан, беше одбележана осумнаесетгодишнината од формирањето на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации. Притоа беа сумирани остварените резултати од работењето во изминатата година и беа најавени идни активности насочени кон зајакнување на позицијата на Дирекцијата во рамките на безбедносниот сектор во државата. По повод годишнината, на вработен административен службеник со редоследно најдолгогодишен работен стаж во Дирекцијата во моментот на одбележување на годишнината, како признание за дадениот придонес во градењето на капацитетите и остварувањето на резултатите на работењето на Дирекцијата, му беше доделена пригодна плакета.

Договор со Соединетите Американски Држави за безбедносните мерки за заштита на класифицирани информации

Скопје, 21 декември 2021 година

На 21 декември 2021 година во Скопје беше потпишан Договорот меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Соединетите Американски Држави за безбедносните мерки за заштита на класифицирани информации.

Во име на Владата на Република Северна Македонија Договорот го потпиша министерот за надворешни работи Бујар Османи, а во име на Владата на Соединетите Американски Држави, Договорот го потпиша амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Скопје, Кејт Мери Брнз.

Со овој договор се регулира начинот на размената на класифицирани информации во областите на надворешните работи, одбраната, безбедноста, владеење на правото, науката, индустријата и технологијата, при што се утврдуваат потребните мерки и процедури за нивна заштита.

Посета на Република Словенија

Љубљана, 27 октомври 2021 година

 

PictureНа 27 октомври 2021 година, делегација на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации ја посети Канцеларијата за заштита на тајни податоци на Владата на Република Словенија. За време на средбата беше разговарано за повеќе актуелни прашања од доменот на работата на националните безбедносни авторитети, вклучувајќи ја и соработката во рамките на иницијативите за регионална соработка SEENSA и 6S.

За време на престојот во Љубљана беше реализирана посета и на Центарот за европски перспективи на Република Словенија. На средбата со извршниот директор на Центарот, г-ѓа Катја Гершак, беше разговарано за важноста на активностите насочени кон справувањето со ширењето дезинформации од надвор.


Повеќе слики од посетата


Syndicate content