Нов Закон за класифицирани информации

09 јануари 2020 година

 

На 123-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 27.12.2019 година, усвоен е новиот Закон за класифицирани информации. Законот е објавен во „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 275/2019 и истиот влезе во сила на 3 јануари 2020 година.

Законот може да го преземете на следниов линк:


Закон за класифицирани информации


Билатерална соработка со Националниот безбедносен авторитет на Република Албанија

Тирана, 22 ноември 2019 година

 

PictureВо рамките на иницијативата на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации за подобрување на билатералната соработка и размена на искуства со земјите од регионот со кои Република Северна Македонија има склучено спогодби за размена и заемна заштита на класифицираните информации, во периодот од 21-22 ноември 2019 година, тричлена делегација од Дирекцијата престојуваше во Тирана, Република Албанија во посета на нивниот Национален безбедносен авторитет.

Безбедносен форум на тема „Стратегиски комуникации и евроатлантските интеграции: импликации за земјите од Западен Балкан“

Охрид, 23-27 август 2019 година

 

PictureПретставници на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации учествуваа на безбедносниот форум на тема „Стратегиски комуникации и евроатлантските интеграции: импликации за земјите од Западен Балкан“ што се одржа во Охрид во периодот од 23-27 август 2019 година. Форумот го организираше Алумни-асоцијацијата на Центарот „Џорџ Маршал“ од Република Северна Македонија, со поддршка на Европскиот центар за безбедносни студии „Џорџ Маршал“ од Германија, Одделот за јавна дипломатија на НАТО и Одбранбениот колеџ на НАТО од Рим.
На отворањето на форумот на којшто учествуваа реномирани професори и експерти од областа од земјата, од регионот и пошироко, се обратија претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, американската амбасадорка Кејт Мари Брнз, Ото Граф од Германската амбасада и шефот на Канцеларијата за врски на НАТО Скопје, полковник Зоран Јанковиќ. Целта на форумот беше споделување искуства и добри практики во однос на темата на форумот, со фокус на хибридните закани и справувањето со лажните вести, дезинформациите, малициозната пропаганда, стратегиската комуникација, хуманата безбедност, борбата со современиот тероризам, екстремизам и радикализам, во насока на креирање на соодветни механизми и стратегии за надминување на проблемите во безбедносниот сектор имплицирани од појавата на овие современи безбедносни закани.

TAIEX Студиска посета на Националниот безбедносен авторитет на Чешката Република

Прага, 25-27 јуни 2019 година

 

Picture
Во рамките на студиската посета за „Зајакнување на улогата на Националниот безбедносен авторитет: организациски, персонален и правен аспект“, а со поддршка на TAIEX инструментот на Европската Комисија, во периодот од 25-27 јуни 2019 година, тричлена делегација од Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации престојуваше во Прага, Чешката Република, како гости на чешкиот Национален безбедносен авторитет. Целта на студиската посета беше запознавање со постојната организација на работата и законските надлежности на чешкиот авторитет, како и размена на искуства во однос на соработката со меѓународните организации и имплементацијата на ЕУ регулативата за заштита на класифицирани информации.

Посета на претставници на националниот безбедносен авторитет за класифицирани информации на САД (NDPC)

Скопје, 14 јуни 2019 година

 

Picture
Во периодот од 10-14 јуни 2019 година во Скопје претстојуваше делегација на националниот безбедносен авторитет за класифицирани информации на САД со цел остварување средби и водење разговори со соодветни авторитети во земјата за запознавање со националниот безбедносен систем за заштита на класифицирани информации. Крајната цел на посетата беше официјално иницирање билатерални преговори за усогласување на текст на Генерален договор за безбедност на информации (GSOIA).

Договор со Црна Гора

Подгорица, 24 мај 2019 година

 

На 24 мај 2019 година во Подгорица, во рамките на првата заедничка седница на Владата на Црна Гора и Владата на Република Северна Македонија, беше потпишан Договор меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Црна Гора за размена и заемна заштита на класифицирани информации.
Договорот го потпишаа министрите за одбрана на владите на двете страни, Радмила Шеќеринска Јанковска и Предраг Бошковиќ.

Работилница за приоритетизација на активностите за имплементација на ЦАФ моделот

Дојран, 11-12 април 2019 година

 

PictureДирекцијата за безбедност на класифицирани информации во периодот 11-12 април 2019 година во Дојран ја одржа Работилницата за приоритетизација на активностите за имплементација на ЦАФ моделот, што се спроведува според Законот за воведување на систем за управување со квалитетот и заедничката рамка за процена на работењето и давањето на услуги во државна служба. На Работилницата учествуваа членовите на Работната група за имплементација на овој модел, раководството на Дирекцијата и фасилитаторите што ѝ беа доделени на Дирекцијата на јавен повик од МИОА. Работилницата се одвиваше во мошне конструктивна и работна атмосфера, што е уште еден показател за тоа дека имплементацијата на овој модел во државните органи може само да го зголеми квалитетот на работењето и управувањето.

Акција против аерозагадувањето и заштита на животната средина

Скопје, 05 Април 2019 година

 

Според насоките на Владата на Република Северна Македонија за спроведување акција за борба против аерозагадувањето и заштитата на животната средина, Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации на 4 и на 5 април 2019 година, во соработка со Касарната „Гоце Делчев“, односно со помош на војници од редовите на Армијата на Република Северна Македонија, изведе акција за расчистување на зелените површини и засадување тревни растенија и дрвја во кругот на објектите на Дирекцијата.

Состанок со шефот на Канцеларијата за врски на НАТО

Скопје, 11 февруари 2019 година

 

PictureПо покана на директорот на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, г. Стојан Славески, на 11.02.2019 година, во Дирекцијата се одржа средба со шефот на Канцеларијата за врски на НАТО во Скопје, полковник Зоран Јанковиќ.
Целта на средбата беше запознавање и информирање на претставниците на Канцеларијата за врски на НАТО со моменталните активности на Дирекцијата, како и со плановите за реализација на приоритетните цели во претстојниот период. Притоа, осврнувајќи се на приоритетите и целите на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, директорот Славески истакна дека Предлогот на Закон за класифицирани информации е одобрен од страна на Владата и е во завршна фаза на донесување.

Билатерални разговори со Постојаната мисија на Црна Гора во НАТО

Брисел, 21 декември 2018 година

 

Делегација на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации на 21 декември 2018 одржа билатерална средба со претставници на Постојаната мисија во НАТО на Република Црна Гора во Брисел, Кралството Белгија. Целта на посетата беше да се разменат мислења за олеснување на влезот на Република Македонија во НАТО со потпишувањето на пристапните преговори за влез како и за улогата на Дирекцијата како Национален безбедносен авторитет во процесот.

Syndicate content