Организација на ДБКИ

 

Во согласност со дејноста на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации утврдена со Законот за класифицирани информации („Службен весник на РМ“, бр. 09/2004, 113/2007, 145/2010, 80/2012 и 41/2014) и во согласност со Уредбата за начелата за внатрешна организација на органите на државната управа („Службен весник на РМ“, бр. 105/2007, 146/2007 и 149/2011), во Дирекцијата се формирани организациски единици во коишто се вршат работи и задачи во доменот на: административната безбедност на класифицирани информации, физичката безбедност на класифицирани информации, безбедноста на лица корисници на класифицирани информации, индустриската безбедност на класифицирани информации и информатичката безбедност на класифицирани информации, како и во доменот на општите, нормативно-правните работи и меѓународната соработка. Во Дирекцијата се формирани и организациски единици надвор од секторите коишто во согласност со позитивните законски прописи за организација и работа на органите на државната управа треба да бидат со ваква позиционираност. Во овие организациони единици, со коишто раководат раководители коишто директно одговараат на функционерот што раководи со органот, се вршат работи и задачи во доменот на финансиските прашања и човечките ресурси.