Управа за безбедност и контраразузнавање (УБК)

Во согласност со член 50 од Законот за класифицирани информации, на барање на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, Управата за безбедност и контраразузнавање при Министерството за внатрешни работи ги врши оперативните проверки од прв, втор и трет степен за сите лица во државата, освен за воените лица на служба во Министерството за одбрана и во Армијата на Република Македонија.

Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации и Управата за безбедност и контраразузнавање се во постојана комуникација при што се остварува соработка на високо професионално ниво, чијашто цел е воспоставување повисок степен на безбедност на државата.