Работилница во организација на RACVIAC и Воената академија

Охрид, 12-14 мај 2015 година

 

Претставници на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации Учествуваа на работилницата на тема „Градење на сајбер издржливо општество во Југоисточна Европа“, што се одржа во периодот од 12 до 14 мај 2015 година во Охрид, во организација на Центарот за безбедносна соработка RACVIAC и Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“- Скопје. Работилницата беше поддржана од Владата на сојузна Република Германија.
Во работата на работилницата учествуваа претставници од Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија, Романија, Србија, Турција, Хрватска и Црна Гора. Покрај предавачите од Воената академија од Скопје, свои излагања имаа и претставници на ОБСЕ, на Министерството за внатрешни работи на Албанија, на националниот CЕRT на Хрватска, како и професори од Колеџот за применети науки во безбедноста од Загреб, Загрепскиот универзитет, Универзитетот Шефилд од Солун и Европскиот универзитет од Скопје.
Целта на работилницата беше експертите од регионот на ЈИЕ да дискутираат за глобалните, регионалните и националните предизвици, потреби и перспективи во поглед на градењето сајбер издржливи општества, во насока на воспоставување платформа за идна регионална соработка во тој контекст.