TAIEX Студиска посета на Државната комисија по сигурноста на информацијата на Република Бугарија

23-25 октомври 2017 година, Софија

 

PictureВо рамките на „Студиската посета за размена на добрите пракси во областа на взаемната размена и заштита на класифицирани информации“, а со поддршка на TAIEX инструментот на Европската Комисија, во периодот од 23-25 октомври 2017 година, тричлена делегација од Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации престојуваа во Софија, Република Бугарија, како гости на бугарската Државна комисија по сигурноста на информацијата (ДКСИ).
Целта на студиската посета беше размена на искуствата во областа на соработката по различните области на безбедност на класифицирани информации во меѓународните договори; правата и обврските на земјите членки на ЕУ по однос на Договорот меѓу земјите-членки на ЕУ што заседаваат во рамките на Советот, односно заштитата на класифицираните информациите кои се разменуваат од интерес на ЕУ; актуелната правна рамка во областа на заштитата на класифицирани информации на ЕУ; како и искуства во однос на прашања врзани за сите аспекти на безбедноста на класифицираните информации со коишто се соочуваат двете служби во секојдневната работа.