Работилница во рамките на иницијативата 6С

Скопје, 25 февруари 2016 година

 

Во рамките на иницијативата за соработка на Националните безбедносни авторитети (НБА) на земјите од регионот, позната под името 6С иницијатива, на 25 февруари 2016 година Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации на Република Македонија организира работилница на тема „Елементи на ризик во персоналната безбедност - препознавање и пресретнување“. На работилницата учествуваа претставници на НБА на Босна и Херцеговина, на Република Словенија, на Република Србија, на Република Црна Гора и на Република Хрватска. Исто така, учествуваа и претставници на националните служби за безбедност, академските институции за безбедносни студии и овластените лица за безбедност од релевантните министерства во земјата.
Гостин предавач на работилницата беше директорот на Канцеларијата на Советот за национална безбедност и заштита на тајните информации на Владата на Република Србија. Воедно, свои обраќања имаа и директорот на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации и претставниците на националните безбедносни служби што ги вршат безбедносните проверки како дел од процесот за издавање безбедносни сертификати на корисниците на класифицирани информации.