Обука за Европска безбедносна и одбранбена политика на ЕУ

Скопје, модул на електронско учење на далечина, август- септември

Брисел, Ориентационен курс, 5-9 септември, 2016 година

Сараево, Рефлективен семинар, 3-6 октомври, 2016 година

 

Претставник на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации учествуваше на 10-от циклус на обуки од областа на Заедничката безбедносна и одбранбена политика на ЕУ наменета за земјите членки од процесот на Стабилизација и Асоцијација. Организирана во рамките на ТАИЕХ инструментот за претпристапна помош на Европската комисија и поддржана од Европскиот колеџ за безбедност и одбрана, програмата имаше за цел оспособување на претставници од државните органи на земјите од Западен Балкан во областа на Европската безбедносна и одбранбена политика. Со редовно испраќање на искусни претставници на оваа обука, Дирекцијата продолжува да ги гради институционалните кадровски капацитети и е целосно фокусирана на создавање професионални државни службеници со високи познавања на полето на Заедничката надворешна, безбедносна и одбранбена политика на Европската унија.