Посета на директорот на НАТО Канцеларијата за безбедност

Скопје, 5-6 март 2018 година

 

PictureПо повод 14-годишнината од формирањето на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, на 5-6 март 2018 година во посета на Република Македонија престојуваше директорот на НАТО Канцеларијата за безбедност, г-ѓа Венди А. Башнан.
Програмата за посетата на г-ѓа Башнан вклучи нејзино учество на советувањето со безбедносните служби што Дирекцијата го организираше на 5 март 2018 година на тема „Реформите во безбедносно-разузнавачката заедница во Република Македонија и интеграцијата во НАТО“, како и поединечни средби со раководителите на безбедносните служби при Министерството за внатрешни работи и при Министерството за одбрана, како и со раководителот на Агенцијата за разузнавање. За време на посетата на Скопје, г-ѓа Башнан имаше можност да се сретне и со националниот координатор на Република Македонија за подготовки за членство во НАТО, д-р Стево Пендаровски.