Билатерални разговори со НСА на Хрватска

Скопје, 08 ноември 2018 година

 

По покана на директорот на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, на 08 ноември 2018 година во просториите на Дирекцијата се одржа состанок на директорско ниво со претставници на Канцеларијата на Советот за национална безбедност на Република Хрватска.
На состанокот, на којшто беше дискутирано за повеќе прашања од заемен интерес за националните безбедносни авторитети на двете земји, акцент беше ставен на искуствата на Хрватска во периодот на подготовките за пристапување кон НАТО. Воедно, во контекст на постојните дискусии во Република Македонија за реформа на разузнавачко-безбедносниот сектор, особено внимание беше посветено и на дискусијата за моделот на безбедносните служби во Република Хрватска.