Проекти
Скопје, декември 2008 година
Во текот на 2008 година претставници на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации зедоа активно учество во реализацијата на бројни активности за имплементација на национални стратегии и меѓуинституционални проекти. Од нив, позначајни се активностите сврзани со:
Софтвер за евиденција на издадени безбедносни сертификати
Скопје, декември 2008 година
Во соработка со „ГОРД Системи“ – Скопје, во декември 2008 година е изработен софтвер за евиденција на издадени безбедносни сертификати и дозволи за пристап до класифицирани информации – национални, ЕУ и НАТО, и истиот е имплементиран во Одделението за безбедност на физички и правни лица во Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации (ДБКИ). Фазата на тестирање на софтверот ќе трае од јануари до март 2009 година.
Македонија очекува безвизен режим со ЕУ во 2009 година
Студиска посета на SOCA
Лондон, ноември 2008 година
Во ноември 2008 година претставници на Дирекцијата имаа студиски престој во Лондон заради согледување на можностите сврзани со учеството во Проектот за национална разузнавачка база на подрачјето на Република Македонија. Едновремено беа остварени контакти за потпишување Меморандум за разбирање и соработка меѓу Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации од македонска страна и Агенцијата за борба со сериозни облици на криминал (SOCA) од британска страна. За таа цел беше изработена и првата верзија на текстот на Меморандумот.
Јавна дебата
Скопје, 27 ноември 2008 година
Претставници на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации учествуваа на јавната дебата во врска со предлог-измените на Законот за пристап до информации од јавен карактер што се одржа на 27 ноември 2008 година во хотел „Холидеј Ин“ во Скопје.
Спогодба со Естонија
Скопје, 20 ноември 2008 година
На 20 ноември 2008 година во Скопје беше потпишана Спогодба меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Естонија за размена и заемна заштита на класифицирани информации. Во име на Владата на Република Македонија, Спогодбата ја потпиша м-р Антонио Милошоски, министер за надворешни работи на Република Македонија. Во име на Владата на Република Естонија, Спогодбата ја потпиша г-дин Урмас Пает, министер за надворешни работи на Република Естонија. Спогодбата, којашто Парламентот на Република Македонија ја ратификува во април 2009 година, влезе во сила на 1 јуни 2009 година.
Спогодба со Хрватска
Загреб, 14 ноември 2008 година
На 14 ноември 2008 година во Загреб беше потпишана Спогодба меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Хрватска за размена и заемна заштита на класифицирани информации. По овластување на претседателот на Владата на Република Македонија, м-р Никола Груевски, во име на Владата на Република Македонија, Спогодбата ја потпиша в.д. директорот на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации.
Спогодба со Словачка
Скопје, 6 ноември 2008 година
На 6 ноември 2008 година во Скопје беше потпишана Спогодба меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Словачката Република за заемна заштита на класифицирани информации. По овластување на претседателот на Владата на Република Македонија, м-р Никола Груевски, во име на Владата на Република Македонија Спогодбата ја потпиша в.д. директорот на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации.
Обука за МВР - УБК
Струмица, октомври 2008 година
Во октомври 2008 година во Струмица, на барање на МВР – УБК, Дирекцијата изврши дводневна обука за работа со класифицирани информации за технички документаристи и аналитичари од Централата и од подрачните единици на УБК.
Усогласување текст на договор со Германија
Скопје, 25-26 септември 2008 година
Делегациите за билатерални преговори за усогласување текстови на спогодби за размена и заштита на класифицирани информации на Република Македонија и на Сојузна Република Германија во периодот од 25-26 септември 2008 година во Скопје остварија средба на којашто го усогласија текстот на Договорот за заемна заштита на класифицирани информации меѓу владите на двете замји. ![]() |