НАТО курс за европска безбедносна соработкаОберамергау, 04 – 17 октомври 2015 година
Во периодот од 4 до 17 октомври 2015 година, претставник на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации учествуваше на НАТО курсот за европска безбедносна соработка (NATO European Security Cooperation Course) што се одржа во НАТО Школата во Оберамергау, Германија. Фокусот на обуката беше насочен кон унапредување на знаењето за тековното безбедносно опкружување во Европа и градење доверба и заемно разбирање меѓу претставниците на земјите членки на НАТО и на Партнерството за мир. |