Работна посета на Босна и Херцеговина

Сараево, 12-13 април 2022 година

 

PictureВо рамките на посетата на Сараево, на 12-13 април 2022 година, делегацијата на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации го посети Министерството за безбедност на Босна и Херцеговина и оствари работна средба со претставници на Државниот безбедносен орган. За време на средбата беше разговарано за повеќе актуелни прашања од доменот на работата на националните безбедносни авторитети, вклучувајќи ја и соработката во рамките на иницијативите за регионална соработка SEENSA и 6S.

За време на престојот во Сараево беше остварена средба и со раководителот на политичкиот оддел на Регионалниот совет за соработка (RCC), со кого беше извршена координација во однос на организацијата на годишната SEENSA конференција што ќе се одржи во септември 2022 година во Скопје, во рамки на овогодинешното претседаваштво на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации со иницијативата SEENSA.