Notice: Trying to get property of non-object in /home/direkcija/public_html/modules/locale/locale.module on line 175
 Прв состанок на Тематската работна група за обуки на националните безбедносни авторитети на земјите од ЈИЕ (SEENSA ТWG T) | Дирекција за безбедност на класифицирани информации

Прв состанок на Тематската работна група за обуки на националните безбедносни авторитети на земјите од ЈИЕ (SEENSA ТWG T)

warning: preg_split(): No ending delimiter ',' found in /home/direkcija/public_html/sites/all/modules/localizer/localizer.module on line 1260.

Софија, 12 септември 2012 година

 

Првиот состанок на Тематската работна група за обуки на националните безбедносни авторитети на земјите од Југоисточна Европа (SEENSA ТWG), со којашто претседава Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, се одржа на 12 септември 2012 година во Софија, Бугарија, како паралелен настан со меѓународната конференција на тема „Добрите практики во заштитата на класифицираните информации: постигнувања и потешкотии“ со којашто бугарската служба го одбележа својот 10-годишен јубилеј.
На состанокот на работната група беа презентира резултатите од десегашната работа и беа договорени следните активности за изработка на работните материјали за следната SEENSA конференција што ќе се одржи во мај 2013 година во Тирана, Албанија.