Упатства

Од областа на информатичката безбедност на класифицирани информации, Дирекцијата ги изработи следните упатства за работа со комуникациско-информатички системи:

  • Упатство за организација и управување со безбедноста на комуникациски и информатички системи
  • Упатство за безбедносна акредитација на комуникациски и информатички системи
  • Упатство за процена и управување со безбедносниот ризик за комуникациски и информатички системи
  • Упатство за формирање изјава за безбедносни потреби за комуникациски и информатички системи
  • Упатство за структурата и содржината на безбедносни оперативни процедури за комуникациски и информатички системи

Во делот на информатичката безбедност на класифицирани информации, заради правилно спроведување на безбедносните оперативни процедури Дирекцијата ги изработи:

  • Упатството за користење систем за крипто-комуникација согласно НАТО/ЕУ безбедносни стандарди
  • Нацрт-документот за Упатство за спроведување на политиката за сигурност на информатичкиот систем на ДБКИ
  • Насоките за ТЕМПЕСТ зонирање од областа на информатичката безбедност

Во делот на административната безбедност на класифицирани информации, заради правилно одредување на степенот на класификација на информациите, Дирекцијата изработи:

Овие упатства се задолжителни за примена во регистрите на Дирекцијата во министерствата и во другите државни органи.

Националните законски и подзаконски акти коишто ја регулираат заштитата на класифицираните информации се во согласност со безбедносните политики на НАТО и ЕУ, содржани во:

  • Основните документи за безбедност C-M (2002) 49 и C-M (2002) 50 и нивните пропратни директиви, како и измените и дополнувањата на основните документи на НАТО
  • Одлуката на Советот на ЕУ бр.2001/264/ЕC од 19.03.2001 година и безбедносните регулативи од сите аспекти на безбедноста и нивните измени и дополнувања