Директор

Picture

д-р Стојан Славески

в.д. Директор

Роден е на 22 јули 1963 година, во Велес, Македонија. По завршување на военото средно училиште во Србија и на воената академија во Србија, во Босна и Херцеговина и во Хрватска, д-р Славески ја започнува својата кариера како армиски офицер во Југословенската народна армија, а откако Република Македонија прогласува независност, станува припадник на Армијата на Република Македонија. Во неа служи до 2008 година кога со чин потполковник ја напушта Армијата и станува универзитетски професор.


Во текот на својот професионален развој д-р Славески посетува бројни меѓународни курсеви и програми, а како професор и предавач редовно е канет да држи предавања на образовните институции во земјата и на летни школи и кампуси за обука во странство. Активно учествува во истражувачки проекти поврзани со националната политика, со реформите во безбедносниот сектор, со регионалната безбедност, како и со прашања што се однесуваат на меѓународните организации и на појавата на нови норми во меѓународните односи, со акцент на земјите од Југоисточна Европа. Активен е во работата на невладиниот сектор и е еден од основачите на македонската Алумни асоцијација на студенти што посетувале обука на Европскиот центар за безбедносни студии „Маршал центар“ во Гармишпартенкирхен, Германија.


Д-р Славески има објавено неколку книги и бројни трудови во професионални списанија, книги и весници. Неговите трудови се објавени на македонски, на српски, на албански и на англиски јазик.


Зборува англиски јазик, оженет е и има една ќерка.


Професионален развој:


август 2017    Дирекција за безбедност на класифицирани информации, вршител на должност директор


2008-2017   Европски универзитет, декан/професор на Факултет за детективи и криминалистика


2006-2008   Воена академија, професор/заменик раководител на Одделение за стратешко истражување


2002-2006   Национален безбедносен авторитет на Република Македонија во НАТО контекст / Дирекција за безбедност на класифицирани информации, директор


2001-2002   Министерство за одбрана, советник во Сектор за планирање на одбраната и меѓународна соработка


1992-2001   Армија на Република Македонија, заменик командант и командант на ПВО баталјон


1986-1992   Југословенска народна армија, командир на вод/чета за ПВО