Обука за Основен суд - Гостивар

Гостивар, септември 2008 година

 

Во септември 2008 година, Дирекцијата изврши обука на вработените за работа и чување на класифицирани информации во Основниот суд во Гостивар.

Самит за информатичка технологија

Холандија, септември 2008 година

 

Во септември 2008 година, Дирекцијата со свои претставници учествуваше на Самитот за информатичка технологија (INFOPROTECT Business Summit) во Холандија. На Самитот беа презентирани последните технолошки решенија во информатичката безбедност, а претставници на Дирекцијата остварија контакти со истакнати компании за информатичка технологија. Соработката со нив ќе продолжи во наредниот период.

Спогодба со Чешка

Прага, 27 август 2008 година

 

На 27 август 2008 година во Прага беше потпишана Спогодба меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Чешката Република за размена и заемна заштита на класифицирани информации.

По овластување на претседателот на Владата на Република Македонија, м-р Никола Груевски, во име  на Владата на Република Македонија, Спогодбата ја потпиша в.д. директорот на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации.

Обука за CIVIPOL

Скопје, јули 2008 година

 

Во јули 2008 година, како помош во реализацијата на проектот CIVILPOL на Министерството за внатрешни работи, Дирекцијата реализираше обука за претставниците на CIVILPOL во Република Македонија за важечките национални прописи и регулативи за работа со класифицирани информации. По обуката на присутните им беа издадени дозволи за пристап до национални класифицирани информации, со коишто им беше олеснето спроведувањето на нивниот проект на територијата на Република Македонија.

Семинар

Охрид, јуни 2008 година

 

Во јуни 2008 година во Охрид, Дирекцијата одржа семинар на тема ,,Искуства и предизвици во прибирање и заштита на класифицирани разузнавачки информации и спроведување на оперативни безбедносни проверки“ на кој учествуваа највисоките раководни и овластени лица на државните органи коишто ракуваат со класифицирани и со разузнавачки информации. На Семинарот, на покана на Дирекцијата, присуствуваа директорот и експерти од Канцеларијата на НАТО за безбедност од Брисел.

Контрола и обука

Скопје, март 2008 година

 

Во март 2008 година Дирекцијата изврши контрола на условите во судовите и во обвинителствата во Република Македонија за работа со класифицирани информации, како и обука на вработените во Основниот суд Скопје – Скопје 1. Исто така, Дирекцијата изврши и обука за работа со класифицирани информации за судии и судската администрација. Особено внимание и приоритет беше даден на обуката за јавните обвинители за организиран криминал.

Во активностите со обвинителствата Дирекцијата беше вклучена во одвивањето на „твининг“ проектот со италијански експерти за поврзување во заедничка база на податоци на сите истражни органи.

Советување

Скопје, март 2008 година

 

Во периодот февруари - март 2008 година Дирекцијата ги одржа Второто и Третото советување за примена на Законот за класифицирани информации и на Законот за следење на комуникации со претставници на државни органи и приватни фирми коишто се задолжени со примената на Законот за следење на комуникациите.

Одржани семинари во 2007 година

Скопје, декември 2007 година

  • На 1 октомври 2007 година во Скопје се одржа Семинар со овластените лица во министерствата и во другите државни органи и со правни лица за запознавање со измените и дополненувањата на Законот за класифицирани информации.
  • На 10 октомври 2007 година во Скопје се одржа Семинар за административна безбедност на класифицирани информации.
  • На 20 ноември 2007 година во Скопје се одржа Семинар за информатичка безбедност на класифицирани информации.
  • На 21 декември 2007 година во Скопје се одржа Семинар за индустриска безбедност на класифицирани информации.
Информација

Скопје, декември 2007 година

 

Во врска со Законот за изменување и дополнување на Законот за класифицирани информаци донесен во септември 2007 година („Службен весник на Република Македонија“, бр. 113/07), инспекцискиот надзор од областа на безбедноста на националните класифицирани информации ќе почне да се извршува од 01.01.2008 година.

Syndicate content