Notice: Undefined offset: 8192 in /home/direkcija/public_html/includes/common.inc on line 583

Notice: Undefined offset: 8192 in /home/direkcija/public_html/includes/common.inc on line 590

Notice: Trying to get property of non-object in /home/direkcija/public_html/modules/locale/locale.module on line 175
 Билатерални преговори со Црна Гора | Дирекција за безбедност на класифицирани информации

Билатерални преговори со Црна Гора

Подгорица, 24 декември 2018 година

 

По покана на директорот на Дирекцијата за заштита на тајни податоци на Црна Гора, на 24 декември 2018 година во Подгорица беа реализирани билатерални преговори за усогласување на текстот на договорот за размена и заемна заштита на класифицирани меѓу владите на двете земји. Македонската четиричлена делегација, предводена од директорот на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, беше составена од претставници на Дирекцијата, на Министерството за надворешни работи и на Министерството за внатрешни работи. Црногорската делегација којашто беше составена од претставници на Дирекцијата за заштита на тајни податоци, ја предводеше директорот на Дирекцијата.
Покрај успешно спроведените преговори за усогласување на текстот на договорот, на средбата меѓу двете делегации беа дискутирани и други прашања од заемен интерес за националните безбедносни авторитети на двете земји, вклучувајќи ги и искуствата на Црна Гора од процесот на пристапување кон НАТО.