Охридски безбедносен форумОхрид, 26-29 август 2022 година
Во периодот помеѓу 26 и 29 август 2022 година, се одржа јубилејниот 10-ти по ред Охридски безбедносен форум на којшто учествуваа и претставници од Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации. Форумот го организираше Алумни-асоцијацијата на Центарот „Џорџ Маршал“ од Република Северна Македонија со поддршка на Европскиот центар за безбедносни студии „Џорџ Маршал“и Одделот за јавна дипломатија на НАТО.
Целта на Форумот беше размена на искуства, добри практики и гледишта за глобалните и регионални безбедносни предизвици со коишто се соочува регионот на ЈИЕ како и изнаоѓање модели на соработка помеѓу алумнистите од регионот со коишто активно ќе се дејствува против транснационалните, терористички, асиметрични, државно-спонзорирани и информациски закани.
Во контекст на справувањето со информациските закани, посебен панел беше посветен на улогата на националните безбедносни авторитети во заштитата на чувствителните информации и во одржувањето на резилиентен и информациски - интегриран безбедносен систем. Директорот на Дирекцијата Стојан Славески заедно со директорите на Националните безбедносни авторитети на Албанија и на Црна Гора одржаа свои предавања за таа цел. |