Notice: Trying to get property of non-object in /home/direkcija/public_html/modules/locale/locale.module on line 175
 Регионална онлајн работилница | Дирекција за безбедност на класифицирани информации

Регионална онлајн работилница

warning: preg_split(): No ending delimiter ',' found in /home/direkcija/public_html/sites/all/modules/localizer/localizer.module on line 1260.

Скопје, 28 април 2022 година

Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, во соработка и со поддршка на Регионалниот совет за соработка, на ден 28. 04.2022 година организираше регионална онлајн работилница со наслов: „Рефлективна работилница за точките на пресек помеѓу безбедносната свест и безбедносните аспекти на класифицирани информации„. Еминентни експерти од Европската комисија и Европската служба за надворешно десјтвување на Европската унија како и од Канцеларијата за безбедност на НАТО се осврнаа на концептот на безбедносната свест во контекст на заштита на класифицирани информации и презентираа механизми за подигање на бебедносната свест во ЕУ и НАТО соодветно. Свои презентации одржаа и претставници од Дирекцијата и од националните безбедносни авторитети од регионот на Југоисточна Европа a беа разменети и искуства помеѓу учесниците од регионот за овој важен сегмент од безбедноста на класифицирани информации.


Онлјан рефлективната работилница се одржа во рамките на овогодинешното претседавање на Дирекцијата со Иницијативата за безбедносна соработка на националните безбедносни авторитети од Југоисточна Европа (SEENSA).