Конференции

Иницијатива за обука за класифицирани информации

Варшава, 6-8 ноември 2011 година

 

На покана на Националниот безбедносен авторитет на Република Полска, директорот на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации ќе учествува на Конференцијата на земјите од Вишеградскaта група посветена на стандардите за заштита на класифицирани информации со наслов „Иницијатива за обука за класифицирани информации“ што ќе се одржи во периодот од 6 до 8 ноември 2011 година во Варшава.

Висока конференција: Безбедносната политика на Европа – дипломатија, одбрана и развој

12-15 септември 2011, Охрид

 

Во периодот од 12 до 15 септември 2011 година во Охрид се одржа конференција под наслов „Висока конференција: Безбедносната политика на Европа – дипломатија, одбрана и развој“. Конференцијата се одржа во рамките на Програмата за обука за ЗБОП за земјите од Процесот на стабилизација и асоцијација за 2011 година, во коорганизација на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации и Европскиот колеџ за безбедност и одбрана (ЕКБО), при што Австрија, како еден од иницијаторите на програмата за обука, беше twinning партнер за овој настан.

Прва средба на раководителите на националните безбедносни авторитети на земјите од Југоисточна Европа

Софија, 25-27 мај 2011 година

 

По иницијатива на Секретаријатот на Советот за регионална соработка (Regional Cooperation Centre – RCC) на ЕУ и на Државната комисија за безбедност на информации на Република Бугарија, на 26 мај 2011 година во Софија се одржа Првата средба на раководителите на националните безбедносни авторитети на земјите од Југоисточна Европа, на тема „Регионалната соработка на полето на функционирањето на системите за заштита на класифицирани информации – практики и предизвици со коишто се соочуваат земјите од Југоисточна Европа“.

Меѓународна конференција во Охрид

Охрид, 29-30 јуни 2009 година

 

Во периодот од 29-30.06.2009 година во Охрид, во хотел „Инекс Горица“, Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации одржа меѓународна конференција на тема „Искуствата на НБА од подготовките и по зачленувањето во НАТО“. На Конференцијата зедоа учество делегации од националните безбедносни авторитети на Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Германија, Словачка, Словенија, Србија, Украина, Унгарија, Франција, Хрватска, Чешка и Црна Гора, предводени од нивните директори или заменици-директори. На Конференцијата учествуваше и заменик-директорот на Канцеларијата за безбедност на НАТО од Брисел. Од страна на Република Македонија, покрај претставници на Дирекцијата како домаќин на Конференцијата, учествуваа и претставници од регистрите за класифицирани информации на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации од повеќе министерства од земјата коишто директно се вклучени во работата со класифицирани информации

Самит за информатичка технологија

Холандија, септември 2008 година

 

Во септември 2008 година, Дирекцијата со свои претставници учествуваше на Самитот за информатичка технологија (INFOPROTECT Business Summit) во Холандија. На Самитот беа презентирани последните технолошки решенија во информатичката безбедност, а претставници на Дирекцијата остварија контакти со истакнати компании за информатичка технологија. Соработката со нив ќе продолжи во наредниот период.

Тркалезна маса

Скопје, 10-11 јули 2007 година

 

Тема: Подобрување на имплементацијата и примената на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, на Законот за класифицирани информации и на Законот за заштита на личните податоци


На 30 мај, на 10 и на 11 јули 2007 година се одржаа тркалезни маси на тема „Подобрување на имплементацијата и примената на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, на Законот за класифицирани информации и на Законот за заштита на личните податоци“.

Целта на средбата беше експертска расправа за имплементацијата на овие три закони од страна на централната власт, банкарскиот сектор, медиумите и секторот за телекомуникации

Безбедносен форум на ЕАПС

Охрид, 28-29 јуни 2007 година

 

Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации активно учествуваше во подготовките и во реализацијата на Безбедносниот форум на Евроатлантскиот партнерски совет (ЕАПС), што се одржа во Охрид на 28 и на 29 јуни 2007 година.

Во повеќемесечните подготовки за Форумот ДБКИ преку своите претставници во Секретаријатот за организација на настанот, им ја доближи на сите учесници безбедносната политика на НАТО во областа на класифицираните информации

Регионална конференција на националните безбедносни авторитети

Охрид, 24-25 април 2007 година

 

Во рамките на своите меѓународни активности и унапредување на соработката со своите хомолози од другите земји, Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации на Република Македонија беше домаќин на Регионалната конференција на национални безбедносни авторитети, што се одржа во Охрид, во периодот 24-25 април 2007 година.

Покрај претставниците на Канцеларијата за безбедност на НАТО, воени претставници од Советодавниот тим на НАТО, претставници од дипломатските тела и гости од институциите во Република Македонија, предводени од шефовите на националните безбедносни авторитети, на Конференцијата учествуваа делегации од земјите членки на НАТО

Syndicate content