Останато

Шеснаесетгодишнина на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации

Скопје, 05 март 2020 година

 


Picture

На 05.03.2020 година, со пригодна свеченост и говор на директорот на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации беше одбележана шеснаесетгодишнината од формирањето на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации. По тој повод, на вработените административни службеници кои се со најдолгогодишен работен стаж во Дирекцијата и со тоа имаат дадено значаен придонес во градењето на капацитетите и остварувањето на резултатите на работењето на Дирекцијата им беа доделени пригодни плакети. Дирекцијата продолжува и во иднина да биде главен стожер во заштитата на класифицирани информации и активно да учествува во одржувањето и унапредувањето на безбедноста на државата.

Акција против аерозагадувањето и заштита на животната средина

Скопје, 05 Април 2019 година

 

Според насоките на Владата на Република Северна Македонија за спроведување акција за борба против аерозагадувањето и заштитата на животната средина, Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации на 4 и на 5 април 2019 година, во соработка со Касарната „Гоце Делчев“, односно со помош на војници од редовите на Армијата на Република Северна Македонија, изведе акција за расчистување на зелените површини и засадување тревни растенија и дрвја во кругот на објектите на Дирекцијата.

Состанок со шефот на Канцеларијата за врски на НАТО

Скопје, 11 февруари 2019 година

 

PictureПо покана на директорот на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, г. Стојан Славески, на 11.02.2019 година, во Дирекцијата се одржа средба со шефот на Канцеларијата за врски на НАТО во Скопје, полковник Зоран Јанковиќ.
Целта на средбата беше запознавање и информирање на претставниците на Канцеларијата за врски на НАТО со моменталните активности на Дирекцијата, како и со плановите за реализација на приоритетните цели во претстојниот период. Притоа, осврнувајќи се на приоритетите и целите на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, директорот Славески истакна дека Предлогот на Закон за класифицирани информации е одобрен од страна на Владата и е во завршна фаза на донесување.

Именување нов директор на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации

Скопје, август 2017 година

 

На својата седница на 3 август 2017 година Владата на Република Македонија донесе одлука за именување на д-р Стојан Славески за вршител на должност директор на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации.

Методологија за изработка на процена на ризик за информатичка безбедност

Скопје, 23 февруари 2017 година

 

Дирекцијата безбедност на класифицирани информации во делот на информатичката безбедност на класифицирани информации, заради правилна изработка на процена на ризик на КИС, изработи:

Водич за одредување на степенот на класификација на информациите

Скопје, 26 декември 2016 година

 

Дирекцијата безбедност на класифицирани информации во делот на административната безбедност на класифицирани информации, заради правилно одредување на степенот на класификација на информациите, изработи:

Нов Правилник за формата и содржината на обрасците на безбедносните прашалници и на безбедносните сертификати

Скопје, ноември 2016 година

 

На 24 ноември 2016 година во „Службен весник на РМ“ бр. 208/2016 беше објавен новиот Правилник за формата и содржината на обрасците на безбедносните прашалници и на безбедносните сертификати.
На денот на влегување во сила на овој правилник престана да важи Правилникот за формата и содржината на обрасците на безбедносниот прашалник и на безбедносните сертификати објавен во „Службен весник на Република Македонија“ бр. 87/04.

Состанок на Директорите на Националните безбедносни авторитети од регионот во формат 6S

Подгорица, 23 ноември 2015 година

 

На 23 ноември 2015 година во Подгорица, Република Црна Гора се одржа третиот состанок на директорите на Националните безбедносни авторитети на земјите од поранешните југословенски републики (формат 6S). Согласно востановената пракса, целта на состанокот на директорите на земјите од регионот беше зајакнување на регионалната соработка на полето на класифицираните информации преку конкретни предлози што беа предмет на дискусија и одлучување. Земјите учеснички, преку укажување на предизвиците со коишто се соочуваат поединечно и во регионални рамки и преку идентификација на можностите и начините за нивно надминување создадоа основа за понатамошна соработка на полето на заштитата на класифицираните информации.

Самит за сајбер закани

Даблин, 1 октомври 2015 година

 

Двајца претставници на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации присуствуваа на „Интернационалниот самит на сајбер закани 2015“ што се одржа на 01 октомври 2015 година во Даблин, Република Ирска. Самитот, како еден од најважните и највлијателните настани што се одржуваат на годишно ниво на коишто се опфаќаат теми од доменот на сајбер безбедноста, беше одлична можност за воспоставување нови контакти и за унапредување на знаењата од доменот на сајбер безбедноста во насока на зајакнување на капацитетите на Дирекцијата во таа област.

Именување нов директор на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации

Скопје, 20 јануари 2015 година

 

На 20 јануари 2015 година Владата на Република Македонија донесе Решение бр. 24-640/1 од 20.01. 2015 година за именување директор на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации

Syndicate content