Постапување на вработените во случај на пожар и ракување со ПП апарати
Скопје, 23 септември 2020 година
Во согласност со постојната законската регулатива како и во рамките на програмата на Владата на Република Северна Македонија за одржување редовни обуки за вработените во државните органи за безбедност при работа, на ден 21.09.2020 година во Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации беше реализирана обука за ,,Постапување на вработените во случај на пожар и ракување со ПП апарати” . Целта на обуката беше да се воведат мерки кои ќе поттикнат подобрување на безбедноста и здравјето при работа на вработените во Дирекцијата.
Нов Правилник за содржината, формата и начинот на водење на евиденцијата за издадените безбедносни сертификати...
Скопје, 8 јуни 2020 година
На 08 јуни 2020 година во „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 150/2020 беше објавен новиот Правилник за содржината, формата и начинот на водење на евиденцијата за издадените безбедносни сертификати и за пополнетите безбедносни прашалници и на посебнaта евиденција за издадените дозволи за пристап до класифицирани информации. Правилникот може да го преземете на следниот линк:
Нов Правилник за формата и содржината на обрасците на безбедносниот прашалник и на безбедносните сертификати
Скопје, 19 маj 2020 година
На 13 мај 2020 година во „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 123/2020 беше објавен новиот Правилник за формата и содржината на обрасците на безбедносниот прашалник и на безбедносните сертификати. Правилникот може да го преземете на следниот линк:
Шеснаесетгодишнина на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации
Скопје, 05 март 2020 година
Програма за мобилност на државни службеници
Братислава, 24 февруари 2020 година
Извештај за пристап до информации од слободен пристап за 2019 година
Извештајот може да го преземете на следниов линк:
Нов Закон за класифицирани информации
09 јануари 2020 година
На 123-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 27.12.2019 година, усвоен е новиот Закон за класифицирани информации. Законот е објавен во „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 275/2019 и истиот влезе во сила на 3 јануари 2020 година. Законот може да го преземете на следниов линк:
Билатерална соработка со Националниот безбедносен авторитет на Република Албанија
Тирана, 22 ноември 2019 година
Безбедносен форум на тема „Стратегиски комуникации и евроатлантските интеграции: импликации за земјите од Западен Балкан“
Охрид, 23-27 август 2019 година
TAIEX Студиска посета на Националниот безбедносен авторитет на Чешката Република
Прага, 25-27 јуни 2019 година
![]() |