Notice: Trying to get property of non-object in /home/direkcija/public_html/modules/locale/locale.module on line 175
 Подготовки за посета на преговарачкиот тим на САД на Република Македонија во мај 2011 година | Дирекција за безбедност на класифицирани информации

Подготовки за посета на преговарачкиот тим на САД на Република Македонија во мај 2011 година

warning: preg_split(): No ending delimiter ',' found in /home/direkcija/public_html/sites/all/modules/localizer/localizer.module on line 1260.

Скопје, март 2011 година

 

Во рамките на активностите за влегување во договорна соработка со САД во доменот на размената и заштитата на класифицираните информации, во тек се подготовките за посетата на преговарачкиот тим на САД на Република Македонија којашто ќе се реализира во периодот од 2 до 6 мај 2011 година.

Оваа посета ќе претставува реализација на втората фаза од процедурата на билатерални преговори меѓу Република Македонија и САД за склучување генерална спогодба за размена на класифицирани информации во делот на одбраната. Целта на посетата е анализа на постојната легислатива во Република Македонија заради утврдување на компатибилноста на легислативите во двете земји, како и остварување средби со официјални лица во доменот на безбедноста на класифицираните информации, по што би следеле финални преговори за потпишување генерален договор меѓу Република Македонија и САД за безбедност на класифицираните информации во делот на одбраната.