Состанок на MISWG AHWG 10

Рим, 19-20 февруари 2018 година

 

Петтиот состанок на Ad-hoc работната група на MISWG за Странска сопственост, контрола или влијание (Foreign Ownership, Control or Influence – FOCI), позната под името AHWG 10, се одржа на 19-20 февруари 2018 година во Рим, Италија. На состанокот учествуваа претставници на националните авторитети за индустриска безбедност од: Израел, САД, Канада, Белгија, Холандија, Италија, Македонија, Германија, Шпанија, Нов Зеланд, Финска, Франција и Велика Британија, како и од Албанија и Латвија за коишто ова беше прво учество на AHWG 10.

Соработка со Факултетот за безбедност – Скопје

Скопје, 12 февруари 2018 година

 

PictureНа 12.02.2018 година, на Факултетот за безбедност – Скопје, директорот на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, д-р Стојан Славески одржа предавање на тема: Безбедносната култура и заштита на тајните информации во безбедносниот систем на Република Македонија. Притоа, Деканот на Факултетот за безбедност – Скопје проф. Д-р Никола Дујовски и директорот на ДБКИ потпишаа Меморандум за соработка меѓу двете институции.

Средба со директорот на НАТО Канцеларијата за безбедност

Брисел, 23 ноември 2017 година

 

PictureНа 23 ноември 2017 година во Седиштето на НАТО во Брисел, директорот на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, д-р Стојан Славески оствари средба со директорот на НАТО Канцеларијата за безбедност, г-ѓа Венди Башнан, којашто покрај менаџирањето на Канцеларијата има функција и на главен советник на Генералниот секретар на НАТО за безбедносни прашања и на Претседавачот со Воениот комитет на НАТО и претседава со комитети на високо ниво.

TAIEX Студиска посета на Државната комисија по сигурноста на информацијата на Република Бугарија

23-25 октомври 2017 година, Софија

 

PictureВо рамките на „Студиската посета за размена на добрите пракси во областа на взаемната размена и заштита на класифицирани информации“, а со поддршка на TAIEX инструментот на Европската Комисија, во периодот од 23-25 октомври 2017 година, тричлена делегација од Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации престојуваа во Софија, Република Бугарија, како гости на бугарската Државна комисија по сигурноста на информацијата (ДКСИ).

Средба со шефицата на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорката Нина Суомалаинен

Скопје, 17 октомври 2017 година

 

PictureНа 17 октомври 2017 година директорот на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, д-р Стојан Славески оствари средба со шефицата на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорката Нина Суомалаинен. За време на средбата беше разговарано за тековните активности на Дирекцијата, за досегашната соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје во рамките на проектот за методологијата за изработка на процената на ризик за информатичка безбедност, како и за можностите за воспоставување поблиска соработка преку влегување во нови проекти поддржани од ОБСЕ.

Состанок на Директорите на Националните безбедносни авторитети од регионот во формат 6S

Белград, 06 октомври 2017 година

 

На 06 октомври 2017 година во Белград, Република Србија, се одржа петтиот состанок на директорите на Националните безбедносни авторитети на земјите од поранешните југословенски републики (формат 6S), како консекутивна (back-to-back) активност со Седмата SEENSA конференција. Состанокот беше поддржан од Регионалниот совет за соработка на ЕУ (RCC) како резултат на неговата јасна определба за поддршка на сите форми на регионална соработка што не се контрадикторни на SEENSA форматот на соработка.

Седма конференција на националните безбедносни авторитети на земјите од Југоисточна Европа (SEENSA)

Белград, 05 октомври 2017 година

 

PictureНа 05 октомври 2017 година во Белград, Република Србија, се одржа Седмата конференција на националните безбедносни авторитети на земјите од Југоисточна Европа (SEENSA). Ко-претседавачи на конференцијата беа директорот на НСА на Србија, д-р Горан Матиќ и генералниот секретар на Регионалниот совет за соработка на ЕУ (RCC), г. Горан Свиларевиќ. На конференцијата учествуваа делегации на националните безбедносни авторитети од Република Албанија, Босна и Херцеговина, Република Бугарија, Косово, Република Македонија, Република Молдавија, Романија, Република Словенија, Република Србија, Република Хрватска и Република Црна Гора, како и претставник на Генералниот секретаријат на Советот на ЕУ. Специјални гости на отворањето на конференцијата беа претседавачот со Парламентарната комисија за безбедност и одбрана на Србија и директорот на Полиција.

Работилница за безбедносната политика на НАТО

Брдо, 25 – 29 септември 2017 година

 

Директорот на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации учествуваше на работилницата за безбедносната политика на НАТО што се одржа во периодот од 25 до 29 септември 2017 година на Брдо, Словенија, во организација на Канцеларијата на НАТО за безбедност и Националниот безбедносен авторитет на Словенија. Работилницата беше наменета за претставници на земјите што не се членки на НАТО и за претставници на други меѓународни организации, со цел нивно запознавање со практичните искуства од примената на безбедносните регулативи и процедури на НАТО.

Именување нов директор на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации

Скопје, август 2017 година

 

На својата седница на 3 август 2017 година Владата на Република Македонија донесе одлука за именување на д-р Стојан Славески за вршител на должност директор на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации.

Семинар за промоција на „Методологијата за изработка на процена на ризик за информатичка безбедност“

Скопје, 4 мај 2017 година

 

На 04 мај 2017 година во хотел Солун во Скопје се одржа семинар за промоција на „Методологијата за изработка на процена на ризик за информатичка безбедност“, проект финансиран од Мисијата на ОБСЕ во Скопје и организиран во соработка со Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации. Учесниците на семинарот беа запознаени со текот на проектот и со изработката на Методологијата во соработка со Националниот безбедносен авторитет на Република Словенија, како и со видувањата за одржливоста на проектот, за евалуацијата на изработената методологија и за идните перспективи во однос на нејзината имплементација од страна на поголем број државни институции во Република Македонија.

Syndicate content